Ноќва во 02.30 часот, на паркинг на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид од слобода ги лишија 33 и 38 Годишни Охриѓани.
При преглед извршен во патнички автомобил „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, во кој се наоѓале, едниот е затекнат при користење бела прашкаста материја, а по дополнително преземените мерки, кај другиот пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и марихуана, велат од МВР, додавајќи дека по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.