АктуелноОхрид

(ФОТО) Градоначалникот Пецаков се обрати на првото издание на Меѓународниот кошаркарски турнир

На мое големо задоволство, денеска кога го одбележуваме Меѓународниот ден на физичката активност, започна првото издание на Меѓународниот Кошаркарски турнир, кој се организира под покровителство на Општина Охрид.
На турнирот ќе учествуваат осум екипи од земјава и странство и секако кошаркарите од ГКК Охрид.
Спортските успеси не се само гордост на спортистите, тие се гордост на земјата која ја претставуваат и на сите нас. Со овој настан испраќаме порака за афирмација на спортот и создавање на уште подобри услови за негов развој.
Продолжуваме со силно темпо да даваме поддршка и имаме значаен удел во голем број спортски приказни, а така ќе биде и во иднина, мапиша во својата објава градоначалникот Пецаков.