На 01.05.2024 во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-05, Струга-02, Кичево-01, Дебар-02.
Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.