Наш изборНаш ИзборОхрид

26 годишник управувајќи возило удрил во лице на 84 години од Охрид

На 5-ти септември 2023 година, во 17:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, патничко возило марка „Рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управуванo од 26-годишно лице, удрило во 84-годишно лице, двете од Охрид.

– Притоа, 84-годишната жена се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.