UncategorizedАктуелноОхрид

Тошковски од Охрид: ИПА треба да биде партнер на МВР со цел заедно да придонесуваме во зачувување на мирот и безбедноста

Денеска во Охрид имав чест да присуствувам на годишното собрание на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – Регион Охрид каде се обратив пред присутните.

Истакнав дека како независна асоцијација составена од членови на полицијата, без разлика дали се во активна служба или пензија, ИПА треба да биде партнер на Министерството за внатрешни работи со цел заедно да придонесуваме во зачувување на мирот и безбедноста.

Во оваа прилика од страна на претседателот на ИПА Македонија ми беше врачена службена ИПА значка со што и официјално станав дел од асоцијацијата како почесен член, а од страна на ИПА Охрид ми беше доделена ИПА златна плакета, напиша на својот ФБ профил министерот Панче Тошковски.