АктуелноОхрид

На денешен ден 19 април 1949 година одиграна е првата престава на првиот охридски театар

На денешен ден 19 април 1949 година одиграна е првата престава на првиот охридски театар. Театарот е укинат со одлука на народната ни власт во 1954 година со образложение дека нема потреба од театарски активности во другите градови освен Битола и Скопје. Од укинатите тетари по кратко време се обновени театрите во Прилеп, Штип, Струмица, Куманово кои заедно со тие во Битола и Скопје ја продолжиле дејноста.

Театарот во Охрид е обновен дури во 2011 година.

Не знам дали е случајност или таква ни е судбината, сите власти отсекогаш го сакале Охрид, полни се со пофалби за Охрид а во пракса од тоа многу малку сме виделе.
(А можеби проблемот е и до нас во Охрид), напиша Ѓорги Љатко во ФБ групата Пишувајте за Охрид.