АктуелноОхрид

СВР Охрид: Апелираме, граѓаните да избегнуваат палење оган во шумските предели, на стрништа, на плевел, отпадоци

По неколкуте пожари, случени деновиве на отворен простор на подрачјето што го покрива, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел поголема заштита на регионот од појава на пожари. Апелираме, граѓаните да избегнуваат палење оган во шумските предели, на стрништа, на плевел, отпадоци и на секој друг отворен простор и воедно потсетуваме дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни кривични пријави и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

Извор: СВР Охрид