Регион

(ВИДЕО) Големо свлечиште кај Мостар – однесе три автомобили во езерото

Голем одрон се случи вечерва во местото Бијела кај Мостар.

Како што јави фоторепортерот на порталот Bljesak.info од местото на настанот, полицијата поставила ленти и забранила премин кон кањонот на реката Бијела.

„Од езерото се гледаат два автомобили, третиот не се гледа“, изјави за Бљесак.инфо портпаролот на ХНК МУП, Људевит Мариќ, пренесува Н1.

Одронот се случил во 18:30 часот во каменолом кај Мостар.

Како што јавува фоторепортерот на порталот Bljesak.info од местото на несреќата, за влакно била избегната трагедија бидејќи планинарите биле само неколку минути порано на местото кое било затрупано од свлечиштето.

„Три-четири автомобили на планинари завршија во водата кога падна“, рече сведокот и додаде:

Има и рибари, велат – нè потона, ни ги одзеде прачките и опремата, во чамецот имаше и момче“, изјави очевидецот.

Над местото на свлечиштето останаа заглавени неколку автомобили на планинари и рибари.

Од свлечиштето е оштетена и трансформаторската станица, поради што дојде до прекин на електричната енергија.