АктуелноОхрид

ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите со кандидати за пратеници, во ИЕ 5 на високото трето место Донев

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори, истакна Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение ја објавуваме прес конференцијата во целост:

Ова се победнички листи и се надеваме на мнозинската поддршка од граѓаните на Република Македонија.

Овие избори се всушност одлука за тоа каква Македонија сакаме. Нивната, таа на власта, затворена, омаловажена, криминализирана, или онаа Македонија каква народот ја сака, и за каква се бориме. Македонија со надеж, иднина и сигурност.

Македонија која ќе биде повторно на народот, институциите ќе бидат функционални, системот ќе биде нормализиран.

Народот бара и очекува одговорност, бара и очекува принципи и враќање на вредностите во политиката.

Ова се победнички пратенички листи, а при нивното составување се водеше сметка за гласот на народот, нивните барања и потреби.

Носителите на овие победнички листи се:

Во првата изборна единица е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски каде очекуваме огромна поддршка и огромна победа.

Втората изборна е мојот колега и пријател Владо Мисајловски.

Третата изборна единица е Драган Ковачки.

Четвртата изборна единица е потпретседателот Александар Николоски.

Петата изборна единица генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

И шестата изборна единица каде очекуваме исто така убедлива доминација во однос на СДС е Дафина Стојановска.

ИЕ5

  1. Ѓорѓија Сајкоски
  2. Олга Лозановска
  3. Сашо Донев
  4. Пеце Милевски
  5. Јован Јаулески
  6. Лидија Петковска
  7. Мевмед Џафери
  8. Кире Божиновски
  9. Силвана Ангелевска
  10. Грација Бакрачевска
  11. Лазе Јакимовски
  12. Ѓорѓи Влајкиновски
  13. Благица Крстеска
  14. Никола Дранговски
  15. Леон Мерсовски
  16. Менче Марковска Андреева
  17. Билјана Стефановска
  18. Жанета Петреска
  19. Мартин Иваноски
  20. Ѓорѓи Шопоски

Ова се луѓе со кредибилитет. Искусни и енергични. Луѓе кои и требаат на Македонија, луѓе кои ќе се борат за решенија, за решавање на проблемите. Имаме тешка задача пред нас да ја кренеме Македонија и да ја вратиме надежта. Само заедно ќе успееме.