АктуелноОхрид

При контрола на возилата кои вршат јавен превоз СВР Охрид констатирала е техничка неисправност на системот за сопирање кај две возила

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси и такси возила. Притоа, контролирани се вкупно 101 возило (Охрид-68, Струга-11, Кичево-15, Дебар-07), од кои кај едно возило во Охрид и едно во Струга, констатирана е техничка неисправност на системот за сопирање. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

извор: СВР Охрид