вторник, ноември 19, 2024
АктуелноОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: Крлеска-Деспотоска да излезе во јавност за аферата со испреплетени мрежи за непотизам во Охрид, затоа што охриѓани чекаат одговор!

Непотизам во Охрид, Крлеска роднина на Зечевиќ главен кадровик на СДС во државните институции.
Проектот мрежа за партизација и кронизам е поврзан со Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС кој ја поставува Кристина Крлеска-Деспотоска за главна на охридската филијала на СДС само поради роднинските врски како единствен критериум, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Кристина Крлеска-Деспотоска со помош на роднинската моќ, откако четири години залудно ги потроши како директор на ЈП ,,Градски пазар”, по смена на локалната влас, незаконски и на фалсификаторски начин е преместена како Раководител на Централен регистар Охрид, за што е покрената истрага од надлежните институции поради сомнеж за фалсификување документи.
Сопругот Климе Деспотоски поради семејните врски со Зечевиќ станува негов оперативец и од тос добива корист и ќар. Заедно со Крлеска-Деспотоска имаат печатница ,,Коста Абраш”, фирма која додека е директорка на јавно претпријатие за 4 години има случено договори со опптинските јавни претпријатија ЈП ,,Водовод”, ЈП ,,Охридски Комуналец”, ЈП ,,Нискоградба” во вредност од 8 453 000 денари.

Проектот мрежа за партизација сѐ повеќе и повеќе се разгранува и шемите се огромни, за сите лица во него да имаат послушност кон Миле Зечевиќ задолжена е неговата братучетка Кристина Крлеска-Деспотоска.

Крлеска-Деспотоска да излезе во јавност за оваа цела афера со испреплетени мрежи затоа што охриѓани чекаат одговор!

Време е за промени!
Заедно со охриѓани ќе ги поразиме!

извор: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид