Утрово од како беше покрената акција за собирање на 60 000 денари за лекување на малата Светлана од Охрид, една помала приватна фирма од Охрид го уплати целиот износ за лекување на девојчето, со што се собрани потребните средства. Граѓаните може да продолжат со донирање за лекување на други деца во тековни акции.