АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Затворениот дел од пазарот се санира од штетите од пожарот, штетата е огромна, се прави проценка

Се средува затворениот дел од пазарот. Се санираат штетите по пожарот кој избувна во еден објект. Штетата е огромна, а во моментов се прави процека.

Директорот на ЈП Градски пазар, Александар Попоски за Охрид 1 вели дека сите вработени од ЈП, но и сите ЈП веќе неколку дена помагаат во расчистување на просторот.

„Имавме неколку средби со градоначалникот. Сите ЈП се ставени на располагање. Според нашите планови пазарот ќе биде ставен во функција за еден месец. Во моментов пазарџиите од затворениот дел се преместени во отворениот дел – во пасажот на пазарот за да можат да продаваат“, вели директорот Попоски за Охрид 1.