АктуелноОхрид

Пецаков: Реконструирана кујната во ЈОУДГ Јасна Ристеска Охрид – инвестицијата е околу 3.300.000 денари

Реконструкција на кујна во ЈОУДГ Јасна Ристеска Охрид – објект централна
Во рамки на развојната програма за капитални инвестиции на општина Охрид во во областа на детска заштита (ВА) во текот на 2023 година се изврши комплетна реконструкција на кујната во ЈОУДГ Јасна Ристеска Охрид – објект централна. Тука се приготвува храната за сите објекти од детската градинка, а потоа се дистрибуира до нив и години наназад неопходна беше нејзината реконструкција.
За таа цел реконструирана е електричната и водоводната мрежа, презвземени се градежни зафати за комплетно уредување на просторот во кујната, набавен е нов аспиратор и современ систем за вентилација, појачана е и моќноста на електричната мрежа во целиот објект со што се исполнети сите неоходни стандарди кои треба да ги задоволува кујната во детската градинка.
Заедничката инвестиција во овој проект на општина Охрид и ЈОУДГ Јасна Ристеска изнесуваше околу 3.300.000 денари, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков