АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) ЈП Водовод интензивно работи на санирање на дефектот во системот за водоснабдување кој се случи вчера на булеварот „Туристичка”

Екипи на јавното претпријатие „Водовод“ продолжуваат со санирање на дефектот во системот за водоснабдување кој се случи вчера на булеварот „Туристичка”, на кружниот тек во близина на СРЦ „Билјанини извори”, поради што прекин во водоснабдувањето имаше на поголема територија од централното градско подрачје.

Прекин во водоснабдувањето денес има на „Асном“, „Кеј Македонија„ и „Партизанска“, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Станува збор за проблем предизвикан поради пукање на цевка од главен цевковод со профил 300 милиметри.

Инаку поради настанат дефект на водоводната мрежа на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини извори и појава на зголемена матност во водата за пиење во одредени делови од градот, времено се забранува за пиење и миење водата од централниот систем за водоснабдување на градот Охрид, се додека не се излезе со ново соопштение после санирање на настанатиот дефект.