АктуелноОхрид

Водостојот на Охридското Езеро е четири сантиметри над просекот за јануари

Водостојот на Охридското Езеро е четири сантиметри над просекот за јануари покажуваат денешните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

Езерото е на кота од 693,39 м.н.в, што е за 4 сантиметри над просекот за јануари кој изнесува 693,35 м.н.в и 29 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Неделната анализа покажува благ пораст на водостојот од 693,37 до денешното на кота од 693,39 м.н.в.
Температурата на водата е 8 степени што е за нешто повеќе од еден степен повисока од просечната (6,8).