Денес 04.01.2024 година четврток по претходно организирана хуманитарна акција од членовите од Православна Младина с.Враништа Парохија Вранишка повторно но овој пат преку брза пошта испративме хумана пратка составена од прибор за лична хигиена и детска храна, наменета за дечињата кои се згрижени во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Со ова успешно е завршена уште една од предвидените Хумани акции во склоп на Вранишка Парохија.
Велат фалбата е гордост,а гордоста е грев,нам воопшто не ни е таква намерата (да се пофалиме)туку сакаме да им изразиме голема благодарност на сите кои минатите денови се вклучија во ова Богоугодно дело,како и да ви дадеме поттик за што повеќе хумани акции.
Голема благодарност до сите помагатели.
Црковен Одбор с.Враништа