АктуелноОхрид

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Свети Наум, повредени осум лица

На 01.01.2024 во 18.30 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со црногорски регистарски ознаки, управувано од 77  од Република Црна Гора, патничко моторно возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од 27 годишен државјанин од Република Србија и патничко моторно возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 61 годишен од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“ 70 годишна државјанка од Црна Гора, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, двајца сопатници од возило „голф“ и уште двајца сопатници од возилото „мерцедес“, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид