АктуелноОхрид

Автопатот Кичево – Охрид ќе продолжи да го гради Синохидро, ќе се потпишува нов анекс

По завршените анализи и по препорака на експертите Владата донесе одлука изградбата на автопатот Кичево Охрид да ја продолжи кинеската компанија Синохидро со која ќе се склучи анекс на договор.

-Владата ги овласти Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, да отпочнат преговори со изведувачот, за склучување анекс на договор, за продолжување рок за изведба, со искористување на веќе обезбедените финансиски средства за доизградба на автопатот Кичево – Охрид. Истовремено, изведбата на делницата, ќе продолжи во континуитет да се реализира.

Одлука да не се раскине договорот и да се продолжи сорабтоката со анекс на договор владат ја донела врз база на доставени наоди од главен назор и надзор на тунел дека има реални причини за продолжувањње на рокот за изведба на градежните работи при тоа земајќи го предвид фактот за досега реализираниот висок степен на физички извршените работи и решени голем број на проблеми кои се појавиле при изградбата. Според Владата првичниот проект за автопатот Кичево – Охрид, бил со бројни пропусти во проектирањето, кои во голем дел се надминати и како што е оценето, во континуитет се создаваат услови за негово завршување но без да се прецизира новиот краен рок за завршување и пуштање во употреба на оваа автопатска делница.

извор: канал 5