АктуелноОхрид

Пријава за Охриѓанец чие дете насилно се однесувало кон соучениците во охридско училиште

СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против 42 годишно лице од Охрид, поради занемарена грижа кон својот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Охрид.

Како што објаснуваат оттаму, пријавениот како родител ја запоставил својата законска обврска за грижа и воспитување на малолетникот, што резултирало со негово насилничко однесување кон други ученици во основното училиште.

извор: Република