АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Осум години од камен темелникот, а базенот нема абер да се догради – околу објектот депонија

Затворениот базен во Охрид се гради скоро исто колку и автопатот Кичево – Охрид. Осум години од камен темелникот, а базенот нема абер да се догради – околу објектот депонија.

Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски кон средината на август минатата година најави дека тогаш, од 1-ви септември ќе продолжат градежните работи на затворениот пливачки базен во Охрид и се очекува дека до март или април месец оваа, 2023 година тој да биде готов.

Работите биле запрени поради проблеми со изведувачот „Бауер БГ“.

Објектот започна да се гради во 2015 година, од страна на фирмата „Бауер БГ“ од Скопје. Првичниот договор предвидуваше овој спортски објект да биде завршен најдоцна до април 2018 година. Но, од тоа ништо. Потоа како следни крајни рокови беа зададени 2020, односно 2021 година…

Затворениот базен во Охрид е проект оставен како ветување за охриѓани веќе неколку децении наназад.