АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Хотелот „Мизо“ освои награда за високо ниво на комплексот и луксузна понуда на апартманите на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад

Познатиот охридски хотел „Мизо“ освои награда за високо ниво на комплексот и луксузна понуда на апартманите на јубилејното 100. издание на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад.

Ова е само уште една потврда за успешната работа на овој комплекс наназад низ годините и секако ќе биде поттик за нивна понатамошна успешна работа.

Меѓународниот саем за туризам, кој од 30-ти ноември до 2-ри декември се одржува на Новосадскиот саем, на едно место собра повеќе од 240 излагачи од земјава и странство.

Хотелот е на самиот езерски брег, пред него се простира долга песочна плажа од која се пружа поглед на непрегледното синило на Охридско Езеро, и на зелената борова шума која го обиколува „Самоиловите тврдини“ кои стојат високо на ридот над градот Охрид.

ТРАДИЦИЈА ДОЛГА ПОВЕЌЕ ОД 100 ГОДИНИ – ТУКА БИЛА ПРВАТА ПЛАЖА ВО ОХРИД

„Градска Плажа“ во Охрид почнала да функционира како еден вид организирана плажа пред повеќе од 100 години, и тоа било прво место каде луѓето од Охрид имале можност да доаѓаат и да се разладуваат во лето. Тогаш пред повеќе од 100 години, се засадени и десетиците чинари кои денес прават дебела сенка и ладовина во која „тоне“ хотелот.

КОМПЛЕКС ОД КУЌИ ВО КОИ МОЖЕТЕ ДА СЕ СМЕСТИТЕ

Хотелот покрај главната зграда е опкружен со куќарки од дрво, поделени во повеќе депанданси, како и десет прекрасно уредени вили кои ви овозможуваат целосна приватност и сите заедно формираат една целина составена од плански улички, кои сите заедно се прекриени со крошните на столетните чинари.

Сето ова заедно со тревниците кои се беспрекорно се одржувани прави една зелена оаза каква што ретко се среќава во Македонија и создава чувство како да сте некаде во Словенија или Швајцарија.

Поврзани вести …

https://patuvanja.mk/archives/1415