АктуелноОхрид

Охрид некогаш: Се потсетуваме на старата автобуска станица

На Facebook страницата Патувања низ Македонија објавена фотографија од старата автобуска станица, која се наоѓаше во строгиот центар на градот и буди многу убави спомени и силни емоции кај охриѓани.

Авторот на објавената фотографија прашува: Која година е оваа слика?

Да потсетиме старата автобуска станица се наоѓаше во центарот на градот, веднаш до охридската пошта, помеѓу улиците „Партизанска“ и „Димитар Влахов“. Денеска на оваа локација се наоѓа стамбено-деловен комплкс, чија изградба заврши во 2008 година.

фото: ФБ Патувања низ Македонија