На 24.11.2023 полициски службеници од отсекот за превенција, заедно со волонтери од Црвениот Крст во Охрид, во основните училишта ,,Св.Наум Охридски“ во селото Пештани и ,,Кочо Рацин“ во Долно Лакочереј, го реализираа проектот ,,Кажи не на дрогата -да на животот“.
Целта на едукативниот проект е низ непосредни интерактивни предавања, да се делува за сузбивање на асоцијалното однесување кај младите како и информирање за штетните последици и негативното влијание од употребата на дрога