АктуелноОхрид

Исклучени од сообраќај пет возачи кои возеле под дејство на алкохол

На 24/25.11.2023 од 23 до 05 часот, на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале 05 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-01, Кичево-04).

Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.