АктуелноОхрид

Двајца охриѓани се степале на ул. Партизанска

На 24.11.2023 во 23 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лице на (59)години  и лице на (43), двајцата од Охрид.

Притоа, едното лице се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид.

По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.