АктуелноОхрид

Возило излетало од патот кај Лескоец, сопатникот се здобил со тешки повреди

На 25.11.2023 во 00:30 часот, на улицата „15 Корпус“ во Охрид, патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (40) години  охридското село Лескоец, излетало од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, а со телесни повреди сопатникот на (26) години  од охридското село Косел, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. По наредба на јавен обвинител, на местото на незгодата, увид извршија полициски екипи.