АктуелноОхрид

Многу награди за учениците од Охридската Гимназија на натпреварот по физика во склоп на 45-тата Школа ,,Млади физичари“

На ден 17.11.2023 г. во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа натпревар во експерименти, демонстрации, модели и симулации, во склоп на 45-тата Школа ,,Млади физичари“.

На овој настан учениците од Охридската гимназија Св. „Климент Охридски“ ги освоија следните награди:

Категорија ученици од прва година: Катерина Јамандиева и Дарија Талевска -втора награда под менторство на проф. Јасмина Јанева.

Категорија ученици од втора година: Дарио Павлески и Горазд Тримчев – прва награда под менторство на проф. Виолета Никовска.

Категорија ученици од трета година: Марија Зороска- прва награда под менторство на проф. Јасмина Јанева, Бојана Цветкоска и Елена Ѓоргоска-втора награда под ментроство на проф. Марија Сиљаноска, Марио Шишкоски- трета награда под менторство на проф. Марија Сиљаноска, Софија Милевска и Ангелина Бошкоска – трета награда под менторство на проф. Јасмина Јанева.

Категорија ученици од четврта година: Нина Стевоска и Горазд Блажески -прва награда под менторство на проф. Јасмина Јанева. Учениците на овој настан следеа и неколку интересни предавања од професори и асистенти од Институтот за физика