АктуелноОхрид

Соопштение по повод чествувањето на Свети Георгиј во Кнежино

По повод споменот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, во чест на обновувањето на неговиот Сечесен Храм во Лида Палестинска – Ѓургиц, во неговиот Свет Манастир во Кнежино, во:

– среда, 15 ноември 2023 –
❈ во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна богослужба, на која молитвено ќе претстои Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј.

– четврток, 16 ноември 2023 –
❈ во 07:30 часот ќе започне Утрената богослужба.

❈ Божествената Архиерејска Литургија ќе започне во 08:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј.

Благослов да присуствуваат имаат сите кои сакаат заедно со нашата монашка заедница да оддадат чест и да упатат молитви кон Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, за благослов и благоуспевање.

 

Бигорски манастир