АктуелноОхрид

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето во населбата Дајлан, поточно на сите споредни улици од улицата „Гоце Делчев“

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањето во населбата Дајлан, поточно на сите споредни улици од улицата „Гоце Делчев“ на потегот од крстосницата со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата, информираат од ЈП Водовод.