Скоро се при крај градежните зафати во црквата Св.Јован Крстител во село Мислешево, Струга. Во изминатиот период се вршеше доградба на влезот во црквата каде е изграден нов влез- трем а со тоа оваа црква добива и нов подобар лик.
Црквата посветена на Светиот Јован Крстител се наоѓа во средината на Мислешево и е една од најпосетуваните цркви во овој регион , преку целата година.
Административно е дел од Втората струшка парохија