Со камен се декорираат паркинзите на „Македонски просветители“ .
Инаку според новото сообраќајно решение има две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Возните ленти и такси паркингот се изведени од гранитни камени коцки, тротоарите од гранитни камени плочи, а на велосипедската лента се поставени гранитни камени коцки. Во должина на улицата има среден разделен цветен појас, со нов дрворед, од двете страни.