АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Делови од мртви животни во вреќи исрфлени кај болниците во Охрид, граѓаните се плашат од зарази, од ЦУК побарале да поднесат писмено барање за дислокација

На ул. Марко Цепенко, наспроти пералните во Охрид пронајдени две вреќи полни со месо и остатоци од животни (глави, нозе и делови и кожи од тела на животни). Граѓаните поради силната миризба ги отвориле вреќите, по што веднаш пријавиле во инспекциските служби и во Центарот за управување со кризи. Извори за Охрид 1 велат дека од ЦУК наместо веднаш да излезат на терен побарале граѓаните да дојдат до нивните канцеларии и писмено да побараат вреќите да бидат отстранети.

Неофицијално им кажале дека доколку писмено пријават денеска, утре ќе излезеле на терен и ќе ги дислоцирале вреќите.

Граѓани за Охрид 1 велат дека непријатна миризба се шири од болницата каде што е заразното одделение накај пералните.

Тие додаваат дека се плашат од заразни болести.

Прашањето кое се наметнува е од каде овие вреќи во остатоци од животни, кога овој период и на ловџиите им е забрането да допрат до леш од пцовисано животно.

 

извор: Охрид 1