АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Црковно-научно-едукативена екскурзија, со членовите од Православна Младина с.Враништа Парохија Вранишка

Под неуморното водство на парохискиот свештеник отец Ристе Наумоски и будното око на благочестивите родители кои ја даваат својата беспрекорна поддршка на своите дечиња,денес 23.10.2023 г.понеделник беше реализирана уште една Црковно-научна екскурзија во манастирот Св.Спас с.Мороишта струшко на членовите од Православна Младина с.Враништа.
-Имено дружењето започна со утринска молитва,по што се оддржаа два квиза по Историја и по Веронаука.Потоа се премина кон игра во повеќе спортски дисциплини.Овој ден беше уште еден исполнет со љубов и дружба кој ни го приредија најмладите парохијанчиња.Здружението веќе опстојува околу три години со импозантна бројка на околу шеесетина дечиња од разни возрасти.Нека овој пример како единствен во Република Македонија и во МПЦ-ОА биде поттик и за останатите парихии за правилна насока на младите по Божјите патеки, истакнува Отец Ристе Наумоски за Охрид1.