АктуелноОхрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид го честита празникот 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Идејата за слободна Македонија е главната водилка кога пред 130 години беше формирана Македонската револуционерна организација од Дамјан Груев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Андон Димитров и Христо Батанџиев.

МРО, подоцна како ВМРО е симболот на пркос на Македонците, воден од желбата за подобро утре. Традиција која обврзува за иднина која доаѓа.

Делегација на Општинскиот Комитет и Пратениците во Собранието на Република Македонија положија свежо цвеќе и се поклонаа пред спомен-обележјата на великаните во градскиот парк.

Да се обединиме под знамето на Македонија!

Важно ни е Македонија да биде просперитетна држава!

Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба!

ВМРО-ДПМНЕ вечно!

Македонија вечна!


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид