На Градските гробишта во Охрид денеска ќе биде погребан поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Матлиески – Пашата.
Матлиески почина во саботата на 89 години.
Тој беше градоначалник и го водеше Охрид во периодот од 1996 до 2000 година.
Воедно Матлиески е познат и како успешен бизнисмен и стопанственик кој како раководител го издигна охридски „ЕМО“ во стопански гигант на просторите на поранешна Југославија, па и низ светот.
Посмртните останки на Никола Матлиески Пашата ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид од 12 до 12:30 часот.