Се враќа зимскиот режим на сообраќај на „Кеј Македонија“. Ќе биде дозволен моторен сообраќај и паркирање на улицата.
Пред хотелот „Палас“ е поставен пункт за наплата и рампа. Потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ (кружна крстосница плоштад) до пресек на „Кеј Македонија“ со „Ванчо Николески“, ќе биде дозволен сообраќај, како и паркирање. Со поставувањето на рампата всушност ќе биде затворен системот за наплата од маркет „Тинекс“, кружното и „Палас“. Сообраќајот ќе се одвива во една насока, од кружната крстосница кон хотелот „Палас“.
Инаку ваков сообраќаен режим имаше и претходно, а пред почетокот на летната сезона беше воведена забрана за секаков вид на моторен сообраќај на овој дел од улица „Кеј Македонија“ и истиот беше наменет за движење на пешаци.