ЈП Охридски Комуналец од рано утрово го чисти кејот по силниот јужен верар кој дуваше вчера.
Инаку според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) деновиве ќе биде сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Ќе дува и умерен ветер од јужен правец, а дневната температура ќе се движи во интервал од 18 до 28 степени.
Според прогнозите, релативно топлото време ќе се задржи и во следните денови.
Промени се очекуваат во среда за кога се најавува повремен локален дожд, додека во четврток се очекува пороен дожд со грмежи.
извор: Охрид 1