На 24.09.2023 во охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишиле од слобода Ј.А.(43) од Република Србија. Таа се сомничи дека околу 08.00 часот физички нападнала 42 годишна Охриѓанка пред угостителски објект во Охрид, во кој работела. Ј.А. била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
извор: СВР Охрид