Uncategorized

Промоција на виртуелните реконструкции на античкиот театар и базиликата Св.Еразмо

Во петок, 15.09.2023 година со почеток во 19:15 часот во дворното место на Музејска зграда „Куќа на Робевци – Лапидариум“ ќе се одржи промоција на виртуелните реконструкции на Античкиот театар во Охрид и базиликата Свети Еразмо.

Во рамки на промоцијата ќе се одржи воведно предавање „Археолошки локалитети, дигитални технологии и инклузија на наследство“ од проф. д-р Марина Блечиќ Кавур од Приморски универзитет-Факултет за хуманистички науки од Копер, Словенија.

Презентацијата е во рамки на Проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“ на Здржението за одржлив развој на животна средина Регионален зелен центар, Охрид.