АктуелноОхрид

Пецаков: Одбележани 110 години од Охридското Востание

Се одбележуваат 110 години од Охридското Востание. По тој повод Делегација на Општина Охрид положи свежо цвеќе на спомен обележјето на востаниците во село Велгошти.
Охридското востание е уште еден доказ за македонската непокорност. Спомените за херјските имиња кои биле дел од овој востанички подвиг ги чуваме и почитуваме како важен дел од македонската историја, а нивните храбри дела се наш потсетник за големата пожртвуваност за слобода и правда. Нека им е вечна слава, напиша на својот Фб профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков