АктуелноВидеаВидеоИнтервјуаОхрид

(ВИДЕО) Светски познатиот ликовен уметник од Канада, Мајкл Клос: Охрид ни е во срцето

Мајкл Клос, светски познатиот ликовен уметник од Канада, со македонско потекло, сценограф и актер од Канада – човек со македонски корени и охридски зет.

Живее во Торонто, со неговата сопруга Менка – Македонка од Охрид и двете ќерки. Постојано изложува по светот, настојува секоја прилика да ја искористи да дојде во Македонија, каде организира изложби, учествува на ликовни колонии и се радува на Македонија.

Михаил (Мајкл) Клос е човекот кој, далеку од Македонија со себе го носи македонскиот код, само што со него судбината се поиграла на малку посуров начин. Мајка му Стоја Милошева од селото Трсеа, Леринско, која ја напуштила родната грутка непосредно по Ѓраѓанската војна во Грција, која заедно со сопругот Славко Стаменов си го нашол својот нов дом во Торонто, во демократска Канада, пишива mn.mk.

Во биографијата на семејството е забележано дека кога Мајкл имал само 5 години, татко му Славко посака да ја види Пиринска Македонија. Беше тоа времето на источно-европската “челична завеса”. Кога стигна во Бугарија, како во некоја последна “балканска крчма” го уапсиле како “западен кодош!”. Му се губи секаква трага. Меѓутоа, после 25 години, синот Мајкл – Михаил, го пронаоѓа својот родител како дрвосечач, високо над планините во Ќустендил. На тагата и’ немало крај

Инаку, канадско-македонскиот ликовен уметник Мајк Клос е роден во Торонто на 14 август 1954 година. Таму го започна своето основно и среднообразование. Уште од раното детство, а особено во средното училиште пројавува интерес кон ликовната уметност. Затоа и продолжил да студира дизајн на политехничкиот универзитет „Рајерсон“, На универзитетот во Гвелф завршил општа економија, а на Колеџот за уметности во Онтарио се стекнал со диплома на уметник.

Во 1977 година се стекнува со диплома на Универзитетот за уметност во „Онтарио Колеџ оф Арт” една од најстарите и најпознати сликарски школи во Канада. Во Торонто го завршува елитниот ликовен колеџ, но паралелно студира и сценарио и дизајн. Светскиот, а наш – македонски ликовен горостас Клос, истовремено е дизајнерот на ТВ серијата “Полициска Академија Три”, како и на играните филмови: “Тројца мажи и бебе”, “Вивид” и други. Исто така, уметникот Мајкл Клос е сценарист и дизајнер на филмскиот проект “Американски син”, филм со личен печат.

И покрај тоа што е еден од познатите ликовен уметник, Мајкл Клос се занимава и со сценографија за филм, театар и телевизија. Уметничкото творештво на Мајкл е свртено кон апстрактноста. Во сликарската палета на црвената, жолтата, црната, сината линија на Мајкл Клос, прикажани се ликови низ кои струи минатото, сегашноста, иднината.

Мајкл Клос со сликарство се занимава веќе 4 децении и за тоа време има изложувано свои дела во родната Канада, но и во многу евроспки земји. Сликарството е неговата главна преокупација, но веќе долго време работи и како графички дизајнер и сценограф. Во неговите дела доминира лицето на жена. Досега има реализирано над 150 самостојни изложби во триесетина земји во светот: Канада, САД, Франција, Германија, Белгија, Турција, Египет, Русија, Казахстан, Кина, Ватикан, Соломонските Острови, Виетнам и секако во Македонија.

Во продолжение проследете го интервјуто со Мајкл и Менка Клос во кое говори за работниот одмор во Македонија и Хрватска.

видео: Охрид 1