четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Вербален инцидент во здружението на пензионери пред министерката за труд и социјала

Тензичен состанок со вербален инцидент денеска во здружението на пензионери.  На барање на раководството на здружението денеска средба со дел од пензионерите одржа министерката за труд и социјална политика.  На состанокот присуствувале шеесетина членови на здружението. На средбата имало и конструктивна дискусија. Ристо Јордановски образложил дека пензиите треба скалесто да се зголемат, а при тоа образложил и дека доколку се оди на линеарно зголемување фондот нема кондиција да го издржи тој товар. Но, дискусијата била прекината со вербален напад помеѓу поранешен претседател на политичка партија и поранешен директор на ЈП Градски Гробишта.  Во викањето биле упатени и пцовки до министерката. Поради инцидентот реагирала и полицијата.

Од СВР Охрид за Охрид 1 го потврдуваат инцидентот.

извор: Охрид 1