Денеска на социјалните мрежи се споделува фотографија на која се гледа ѓеврек и цена 130 ден. Имаше напади упатени до охриѓани од типот како не ви е срам да продаваат ѓеврек по цена од 130 ден. Но за кратко време дилемата беше откриена, фотографијата не е од Охрид, поточно 130 ден е ѓеврекот на скопскиот Аеродром во Скопје, така барем објаснува Богдан Илиевски во неговиот пост на социјалната мрежа фејсбук.
Коментарите дека ѓеврекот е прескап се на место, но се упатени на погрешна адреса.
фото: Социјални мрежи