Охрид

Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (ИТФ) дел од Светската Таеквондо ИТФ елита во Астана–Казахстан

Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (Таеквондо ИТФ) под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан , поранешен светски вицешампион , под покровителство на Агенцијата за млади и спорт од 18.08 – 26.08 2023 ќе учествува на Светското Таеквондо ИТФ првенство во Астана–Казахстан

 

За успешно претставување на нашата репрезентација се избрани пет лица, од кои две официјлани лица од кои едното лице е и тенер и тројца натпреварувачи кои се Европски медалисти и најдобри поединци.
Составот на нашата изборна репрезентација е следен:
1.Марјанчо Лазаревски црн појас V дан
– претседател на МТТФ (официјално лице и национален тренер) -поранешен светски вицешампион Прага-1996
2.Зоран Парулески
– потпретседател на МТТФ (официјално лице)

3.Христијана Парулеска црн појас I дан
–Пехар за најдобра кадетка на Европско првенство Језоло-2023 – Европски Шампион во спаринг борби Језоло-2023 – Европски вицешампион во форми(борба со замислен противник) Језоло-2023 – Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022 – Државен првак
4.Давид Крстески црн појас I дан
– Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022 – Европски брозен медал во форми (борба со замислен противник) Римини-2019 – Државен првак

 


5.Елена Јанеска црн појас I дан
– Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022 – Државен првак
Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките течеа последните 2 месеци секојдневно , го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, според нивниот историјат на успеси можеме да веруваме во нашите натпреварувачи , иако за нив ова е прв настап на Светско првенство . Тројцата претставници на нашата репрезентација се искусни натпреварувачи и Европски медалисти, кои упорно се спремаа во текот на летната сезона одрекувајќи се од летниот одмор со цел да дадат се од себе да ја претсават нашата држава најдобро што можат, и по можност да се обидат да се искачат на светскиот пиедестал. Нашите натпреварувачи имаат освоено многубројни медали , па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман, вели Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ и предводник на нашата репрезенатција.

Исто така , Марјанчо Лазаревски корисити прилика да изрази благодарност на Агенцијата а млади и спорт која е покровоител на нашата репрезентација за учество на ова Светско првенство, благодарност до општината Охрид која помогна за припремите на нашата репрезентација и благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за сите нивни успеси, без кого не би ги имале овие врвни натпреварувачи со кои се гордееме и навиваме за уште поголеми успеси.