Во водите на Охридското Езеро денеска ќе се одржи „Илинденски куп“, третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.
На овој пливачки маратон учество ќе земат преку 50 пливачи од Македонија и странство, кои стартуваа во две групи-категории. Во првата група се пливачи постари од 16 години старост, родени во 2007 година и постари, а во втората група се пливачи од 8 до 15 годишна возраст, односно родени 2008 година и помлади.
– Популарниот „Илинденски куп“ е во организација на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“. Tрката старуваше на плажата „Горица“, а финишот е на градскиот кеј пред хотелот „Ривиера“.
Организатор е Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ од Охрид, под покровителство на Советот на Општина Охрид, помогнато од Костал Македонија.