АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа кај Подмољје во која учествувал и полициски автомобил

На 29.07.2023 година во 22.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Подмољје општина Дебрца, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од 29 годишен жител од Скопје и „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44 годишен жител од охридското село Лешани. Притоа, со телесни повреди се здобил возачот на првото возило, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, кој е пуштен на домашно лекување.Увид на местото извршија полициски екипи од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид