Охридската Гимназија се подготвува за почетокот на школската година. Во моментов се реализираат низа градежни активности за уредување на надворешниот и внатрешниот дел.
Во моментов се копа за атмосферска мрежа на дворот, спортската сала и објектот. Околу спортската сала ќе се прави и дренажа.
-Во дворот комплетно ќе се реновира атмосферската и канализационата мрежа пред партерното уредување, а ќе се постави и приклучок за хидрантна мрежа за објектот, вели директорката на Охридската гимназија Светлана Велкоска за Охрид 1.
Директорката додава дека на Гимназијата ќе се постави и нов громобран.
Инаку градежните зафати во Гимназијата ги извадуваат охридските Јавни претпријатија, а средствата се од општина Охрид.
извор: Охрид 1