АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Тротоар ли е, паркинг ли е?

Охрид е преполн со туристи. Охриѓани се добри домаќини, прават се за гостите да се чувствуваат пријатно во градот. Но, треба ли и дел од гостите да внимаваат?  До редакцијата на Охрид 1 граѓани испратија видео на кое се гледа паркирани автомобили низ целиот тротоар на ул АСНОМ..

Погледнете….

Слична е состојбата низ целиот град. Граѓаните често бараат помош од сообраќајната полиција, затоа што автомобили има паркирани пред влезните врати на домовите, со што им се попречува  движењето. А Стариот дел е приказна за себе. Дел од гостите за да избегнат плаќање паркинг во центарот, автомобилите ги оставаат на патот кој води од Кошишта до Горна Порта. Па така овој пат поготово навечер е паркиркинг од двете страни на улицата.

извор: Охрид 1