АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО)Елисавета Булоска која потекнува од Охрид, стана галичка невеста – Започна Галичката свадба

Викендов се одржува јубилејното 60. издание на Галичка свадба. Овогодишениот зет е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид.

Врвот на бајракот денеска се кити со цвеќе, а потоа се развива. Зетот го става на „перде“ од десната страна на куќата и се „фрла“ пушка.

Со сито на глава и бокал во раце, со блиските роднини, сверквата води оро. Потоа ќе се изведат ората „Невестинско“ и „Тешкото“ кои се симбол на пркосот и непокорот.

Поворката од свадбари со борини и факели одат од куќата на зетот до куќата на невестата, а потоа заедно со неа одат на три чешми да наполнат вода.